11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

Соопштенија

Пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Демир Капија од областа на урбанизмот

Пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Демир Капија од областа на урбанизмот

Врз основа на одредбите на член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25, 127/25, 134/26 и 212/26), Градоначалникот на Општина Демир Капија распишува

Ј А В Е Н П О В И К

за пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Демир Капија од областа на урбанизмот

Се повикуваат сите заинтересирани лица, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општина Демир Капија што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на урбаното и руралното подрачје на општината, да се пријават за нови членови на Партиципативното тело на Општина Демир Капија од областа на урбанизмот.

Јавниот повик е распишан за периодот од 23.09.2026 до 23.10.2026.

Пријавите да се достават до архивата на Општина Демир Капија во определениот рок. Истите треба да содржат контакт информации (име и презиме, адреса и контакт телефон), како и кратко образложение за начинот на кој заинтересираното лице смета дека ќе придонесе во работата на Партиципативното тело.

Лицата чии што пријави ќе бидат прифатени, ќе бидат назначени за членови на Партиципативното тело и за истото ќе бидат известени во писмена форма.

Цел на Партиципативното тело е обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Партиципативното тело ќе ги претставува сите различни интереси и интересни групи во Општина Демир Капија и ќе ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ќе ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ќе ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело ќе заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови.

Работата на Партиципативното тело е јавна.

Учеството во Партиципативното тело е на доброволна основа.

Градоначалник

Наталија Димитриева

Образец за пријава

Јавен повик

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email