Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје, во соработка со Општина Демир Капија, со цел да ги промовира и поттикне мерките за енергетска ефикасност кај домаќинствата во општината, организираат јавен награден конкурс за домаќинства кои спровеле мерки за енергетска ефикасност на својот дом и домаќинство.
Со конкурсот ќе се промовираат и наградат ефикасна енергетско-социјална и еколошка промена во домаќинството во општината за домаќинствата да станат енергетски поефикасни, со што ќе се популаризираат мерките што ги примениле, како и постигнатите економски, социјални и еколошки придобивки. Наградата за енергетска ефикасност ќе биде доделена на јавен настан, организиран во Општина Демир Капија како завршен настан на јавната кампања за промоција на енергетската ефискасност на домаќинствата и придобивките кои ги овозможува.
Зошто е важна енергетската ефикасност во домот?
Енергетската ефикасност значи да трошиме помалку енергија, а да живееме поудобно. Со едноставни подобрувања во домот, како подобра изолација, нови прозорци или поефикасни уреди, може значително да се намалат сметките за струја и греење – дури и до 40 отсто. Тоа значи повеќе пари во семејниот буџет и потопол дом во зима, а посвеж во лето. Воедно, со помала потрошувачка помалку се загадува, што е добро за сите нас. Постојат и можности за финансиска поддршка, како кредити и субвенции, кои ја олеснуваат оваа инвестиција. Најдобро е да се започне со проверка на домот, за да се види каде се губи енергијата и што може да се подобри.
Цел на наградниот конкурс
Целта на конкурсот е преку награди на домаќинства кои направиле напор да станат енергетски поефикасни и нивните лични примери, да ги мотивира останатите домаќинствата на локално ниво да преземат конкретни чекори за подобрување на енергетската ефикасност во своите домови, преку информирање, практични примери и финансиски поттик.
Кои се придобивките од наградниот конкурс?
Целта на наградниот конкурс е преку него да се изградат долгорочни навики за одговорно користење на енергијата, да се намалат трошоците на домаќинствата и да се придонесе кон почиста животна средина на ниво на општината.
Преку конкурсот, општината може да ја зголеми свеста кај граѓаните за придобивките од намалена потрошувачка на енергија, да поттикне примена на мерки како изолација, ефикасни уреди или обновливи извори, и да создаде позитивни искуства и приказни кои ќе ги истакнат добрите практики.
Како долгорочен резултат, се очекува придобивките од мерките за енергетска ефикасност (што не мора да значат користење само на чиста енергија) да се широко прифатени од граѓаните и домаќинствата и да се промовирани од локалната самоуправа.
Наслов на наградниот конкурс
„Штеди енергија – освој вредна награда!“
Задача на наградниот конкурс
Да се мотивираат граѓаните активно да применуваат мерки за енергетска ефикасност во своите домови и секојдневие, преку едноставен, интерактивен и видлив награден конкурс.
Времетраење
Наградниот конкурс ќе биде отворен за пријави четири недели и ќе заврши со финално извекување на награди на јавен настан во општината.
Правила за пријавување:
- Право на учество имаат сите полнолетни жители во Општина Демир Капија;
- Темата на конкурсот е примена на мерки за енергетска ефикасност во домаќинствата;
- Испратената пријава може да има само еден (1) автор;
- Секој автор може да учествува со една (1) пријава.
- Пријавите треба да бидат оригинални, да не ги прекршуваат начелата на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција;
Испратените пријави да се достават до Еко-свест Скопје со пополнување на онлајн формулар најдоцна до 10.11.2026 до 12:00 часот на пладне со поднесување на следните податоци:
- Наслов на пријавата
- Име и презиме на авторот
- Адреса
- Контакт телефонски број и електронска пошта
- фотографии (не повеќе од 10) и/или кратко видео (не подолго од 2 минути) со информација како во домаќинството се заштедила енергија и кои се придобивките, вклучително и постигнатите економски (на пример пониска сметка за електрична струја), социјални (на пример топлотно поудбен дом во лето и зима) и еколошки придобивки (на пример помалку загадување или користење на соларна енергија), доколку ги има. На фото/видео записот треба да се гледа мерката која е превземена во домот и кој е постигнатиот резултат од применетата мерка (изолација на домот, заменет и изолиран покрив, изолирана фасада, заменети прозори и врати, користење поштедливи уреди, замена на сијалици со ЛЕД, исклучување уреди од струја, итн.) Записот може да биде пропратен со коментари за тоа како направената мерка го променила користењето и удобноста на домот.
- Објава на Facebook/Instagram со хаштаг: #ЕнергетскаЕфикасност, тагирање на Еко-свест (ФБ @Eko.Svest.MK, Insta @ekosvest) и тагирање на најмалку еден пријател.
Критериуми за оценување на пријавите
– јасно документирани една или повеќе мерки за енергетска ефикасност во домаќинството кое се пријавува;
– придружна информација која ги објаснува илустрираните мерките за енергетска ефикасност;
– обем на преземените мерки за енергетска ефикасност;
– јасно демонстрирани еконосмки, социјални и/или еколошки придобивки од преземените мерки;
– можност за реплицирање или скалирање на чпријавените мерки;
– видливо тагирање на Еко-свест и најмалку еден пријател.
По извршената селекција од страна на претставници од Еко-свест и Општина Демир Капија, најдобрите пријави ќе бидат наградени со една главна награда и 10 награди за тагнување. Точниот датум за доделување на наградите ќе биде дополнително објавен на дигиталните канали на Еко-свест и Општина Демир Капија.
Награди
Една главна награда:
- Ваучер за топлинска изолација на ѕидови во вредност од 40.000 денари
10 награди за тагнување:
- ЛЕД светилки за помала потрошувачка на електрична струја
- Мерачи за потрошувачка на електрична енергија, кои се корисни за мерење на моменталната потрошувачка на приклучениот уред
- Паметни приклучоци, кои помагаат при далечинска контрола, заштеда на електрична енергија и автоматизација на обичните апарати во домот.
Во рок од 3 (три) дена, од денот на изборот на наградените пријави од страна на комисијата, наградените учесници ќе бидат известени, со добивање на покана за присуство на завршен настан во заедничка организација на Општина Демир Капија и Еко-свест, каде ќе им бидат доделени наградите и ќе бидат официјално промовирани во јавноста.
Завршниот настан, на кој ќе бидат доделени наградите на избраните учесници ќе се одржи на дополнително утврден датум во простории на Општина Демир Капија.
Награден конкурс за енергетска ефикасност на домаќинства во Демир Капија