Во рамки на реализацијата на проектот ,,Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција’’, а согласно барањата и политиките на Европската банка за обнова и развој (ЕБРОР), изработен е План за обновување на условите за егзистенција кој ги опфаќа социо-економските аспекти поврзани со пристапот до земјиштето, како и мерките за избегнување, ублажуваање и управување со потенцијалните негативни влијанија врз засегнатите лица и локалното население.
За таа цел, на 24.11.2026 (вторник) во 10:00 часот, во просториите на Општина Демир Капија ќе се одржи јавна презентација. Ќе присуствуваат претставници од НОМАГАС АД Скопје, претставници од изведувачот и надзорот над изградбата, како и експерти од областа на животната средина и социјалните аспекти.
Имајќи ја во предвид важноста на проектот, како и потребата од транспарентност, информираност и активно вклучување на сите засегнати страни, Ве покануваме да присуствувате на јавната презентација.
Со почит,
Општина Демир Капија