11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

Надлежности на советот

Надлежности на советот

Советот:
– Го донесува статутот на општината и други прописи;
– Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
– Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
– Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
– Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
– Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
– Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
– Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
– Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
–  Одлучува за начинот на располагање со  сопственоста на општината;
– Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
– Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
– Го разгледува и усвојува годишниот извештај   за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
–  Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
– Врши и други работи утврдени со закон.