Надлежности на одделението
Одделението за човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на:
Примената на законите и другите прописи и општи акти кои се однесуваат на правата, обврските и одговорностите на вработените во општинската администрација; изготвува прописи и други акти од областа на работните односи; обезбедува координација на управување со процеси и човечки ресурси, стручно усовршување, едукација, тренинг-обука на вработените во општинската администрација; координација на процесот на оценување на држвните службеници; подготвување на одлуката на организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на општинската администрација, Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измената и дополнувањата на овие акти; вработување и мобилност во државната служба, подготовка на Годишен план за вработување во институцијата; подготовка на Годишен план за обуки на административните службеници; остварување соработка со Министерството за јавна администрација и Агенцијата за администрација, внесување и ажурирање податоци на вработените во електорнскиот систем за човечки ресурси ХРМИС, врши и други работи кои ќе му бидат доверени од советот и градоначалникот согласно закон.
Контакт
Менча Петкова – Советник
тел. 078 217 089,
e-mail: [email protected]