Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02 и “Службен весник на РСМ” бр.202/24), го донесувам следното
РЕШЕНИЕ
За свикување на XII (дванаесетта) седница на Советот на Општина Демир Капија
Ја свикувам XII (дванаесетата) седница на Советот на Општина Демир Капија.
Седницата ќе се одржи на ден 29.10.2026 година (четврток) со почеток во 14:00 часот. Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Демир Капија.
– Усвојување на записникот од одржаната XI (единаесетта) седница на Советот на Општина Демир Капија;
За работа на седницата го предлагам следниот
Дневен ред
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Демир Капија за 2026 година;
- Предлог-Одлука за изменување на одлуката за утврдување на оперативни трошоци за финансирање на Заедничкото јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР-ШЕПА Кавадарци;
- Предлог-Одлука за давање согласност за склучување на вонсудска спогодба;
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година на Општинска установа Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија;
- Предлог-Решение за давање согласност за формирање групи со поголем број на деца во ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија во 2026/2027 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за 2025/2026 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ ДИМЧЕ А.ГАБЕРОТ Демир Капија во учебната 2025/2026 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за третиот квартал 2026 година;
- Разгледување на барања од физички и правни лица;
| Претседател на Совет
Мирјана Јаневски |