РЕШЕНИЕ
За свикување на XI (единаесетта) седница на Советот на Општина Демир Капија
Ја свикувам XI (единаесетата) седница на Советот на Општина Демир Капија.
Седницата ќе се одржи на ден 30.09.2026 година (среда) со почеток во 14:00 часот. Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Демир Капија.
– Усвојување на записникот од одржаната X (десетта) седница на Советот на Општина Демир Капија;
– Усвојување на записникот од одржаната I (прва) итна вонредна седница на Советот на Општина Демир Капија;
За работа на седницата го предлагам следниот
Дневен ред
1. Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната општинска установа за деца Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија;
2. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на патнично возило – училишен автобус на ООУ ДИМЧЕ А.ГАБЕРОТ Демир Капија;
3. Предлог-Програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Демир Капија за 2026 година;
4. Предлог-Програма за изменување и дополнување на програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Демир Капија за 2026 година;
5. Предлог-Решение за формирање Комисија за доделување награди и признанија;
6. Предлог-Решение за давање согласност на Извештај за финансиското работење на ЗЈП СТАЦИОНАР-ШЕПА Кавадарци за период од 01.01.2026 година до 30.06.2026 година;
7. Предлог-Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на цените на услугите за третман на заловено сопственичко куче во ЗЈП СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци;
8. Предлог-Решение за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ “ДИМЧЕ А.ГАБЕРОТ” Демир Капија во учебната 2026/2027 година;
9. Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година на Јавно претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О. Демир Капија;
10. Предлог-Решение за давање согласност на Одлука за ослободување од плаќање на законска затезна камата за физички лица-должници по основ на извршни предмети;
11. Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година на Општинска установа Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија;
12. Предлог-Решение за давање согласност за формирање групи со поголем број на деца во ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија во 2026/2027 година;
13. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за учебната 2026/2027 година;
14. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за 2025/2026 година;
15. Предлог-Заклучок за усвојување на Елаборат за процена на штета од елементарна непогода – ниски температури што ја зафати Општина Демир Капија во месец Мај 2026 година;
16. Предлог-Заклучок за донесување на Годишна програма за работа на ООУ ДИМЧЕ А.ГАБЕРОТ Демир Капија за учебната 2026/2027 година;
17. Разгледување на барања од физички и правни лица;
Претседател на Совет
Мирјана Јаневски