10-100/4
19.06.2026
Врз основа на член 27 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02) и член 51 точка 8 од Статутот на Општина Демир Капија (Сл.гласник на општина Демир Капија бр.8/97) и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2026 година со Одлука бр. 09-938/12 од 29.12.2025 од Советот на Општина Демир Капија, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета за
НАЦРТ ПЛАН – ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА ДЕЛ ОД
БЛОК 12 ОПФАТ 2, ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА
Границата на планскиот опфат на Измена и дополнување на ДУП, за дел од Блок 12 – опфат 2, Општина Демир Капија, (2022 – 2027), е затворена полигонална линија која започнува од крстосницата на станбената ул. „11-ти Октомври” со станбената ул.„Јане Сандански”, на северо-западната страна, продолжува кон исток по станбената улица „11-ти Октомври”, која освен на север, продолжува и на источната страна и оди се до вкрстосувањето со собирната ул. „1″, свртува по неа целосно кон запад, до вкрстосувањето на ул.„1 ” со станбената улица „11-ти Октомври”, која што е долж опфатот на западната страна и завршува со крстосницата на станбената ул. „11-ти Октомври” со станбената ул.„Јане Сандански”, каде што започнува.
Површината на опишаниот опфат изнесува П=1ха (10417.79m2)
Јавната анкета и јавната презентација по Нацрт план – Измена и дополнување на ДУП за дел од блок 12 – опфат 2, Општина Демир Капија, плански период 2022-2027, ќе се спроведе со излагање на нацрт планот во просториите на Општина Демир Капија.
Јавната анкета ќе трае 30 дена, од 08.07.2026 до 10.08.2026, а јавната презентација, односно стручното презентирање ќе се одржи на 21.07.2026 год. во просториите на Општина Демир Капија со почеток од 13:00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Наталија Димитриева
Прилози: