Врз основа на член 50 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и “Службен весник на РСМ“ бр.202/24), Градоначалникот на Општина Демир Капија, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода – мраз
Општина Демир Капија ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода– мраз која ја зафати општина Демир Капија во периодот од 02-05 Мај 2026 година да ја пријават штетата на своите насади во просториите на општина Демир Капија со поднесување на барање.
Покрај барањето секој барател треба да достави:
– Копија од лична карта;
– Изјава за неосигуран земјоделски насад;
– Изјава за согласност за користење на лични податоци;
– Копија од трансакциска сметка и
За сите дополнителни информации може да се обратите на
тел.071 324 697
|
Бр.09-391/1 08.05.2026 година
|
Општина Демир Капија Градоначалник Наталија Димитриева |