Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02 и “Службен весник на РСМ” бр.202/24), го донесувам следното
РЕШЕНИЕ
за свикување на X (десетта) седница на Советот на Општина Демир Капија
Ја свикувам X (десетата) седница на Советот на Општина Демир Капија.
Седницата ќе се одржи на ден 27.07.2026 година (понеделник) со почеток во 16:00 часот. Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Демир Капија.
– Усвојување на записникот од одржаната IX (деветта) седница на Советот на Општина Демир Капија
За работа на седницата го предлагам следниот
Дневен ред
- Предлог-Одлука за давање согласност за сопствено учество во реализација на проект “Реконструкција на улица 8-ми Март”;
- Предлог-Одлука за давање согласност за организирање на продолжен престој во ООУ “Димче А.Габерот” Демир Капија;
- Предлог-Одлука за неприфаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Капија и Општина Неготино;
- Предлог-Одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје на територијата на Општина Демир Капија;
- Предлог-Одлука за давање согласност за продажба на движна ствар;
- Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Демир Капија;
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлука за изменување на цената на чинење на влезен билет за музеј во состав на Дом на култура Мирка Гинова од Демир Капија;
- Предлог-Решение за давање согласност на Извештај за финансиското работење на ЗЈП СТАЦИОНАР-ШЕПА Кавадарци за период од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР-ШЕПА Кавадарци;
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈКП “Бошава” Демир Капија;
- Предлог-Решение за давање согласност на Финансиски извештај на ЈКП БОШАВА Демир Капија за периодот од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Извештај за работењето на ЈКП БОШАВА Демир Капија за 2025 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишна сметка на ЈКП БОШАВА Демир Капија за 2025 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за одржување на јавната чистота на територијата на општина Демир Капија за 2025 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за вториот квартал 2026 година;
- Разгледување на барања од физички и правни лица;
| Претседател на Совет
Мирјана Јаневски |