11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК за SWOT анализа за потребите на изработка на Стратегија за локален економски развој на Општина ДЕМИР КАПИЈА 2027–2031 година

Општина Демир Капија започнува процес на изработка на нова Стратегија за локален економски развој 2027-2031 година, со цел утврдување на состојбите, потребите, потенцијалите и приоритетите за економски развој на локално ниво. Во рамки на процесот се спроведува SWOT анализа преку која ќе се идентификуваат силните страни, слабостите, можностите и заканите поврзани со локалниот економски развој. […]

Награден конкурс за енергетска ефикасност на домаќинства во Демир Капија

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје, во соработка со Општина Демир Капија, со цел да ги промовира и поттикне мерките за енергетска ефикасност кај домаќинствата во општината, организираат јавен награден конкурс за домаќинства кои спровеле мерки за енергетска ефикасност на својот дом и домаќинство. Со конкурсот ќе се промовираат и […]

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија бр.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на Општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата “7-ми Ноември” и признанија за 2026 година.      Иницијатива за […]

КОНКУРС За стипендирање на ученици и студенти за учебната 2026/2027 година

Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Демир Капија согласно член 3 од Одлуката за утврдување начин на стипендирање на талентирани ученици и студенти во Општина Демир Капија (“Службен гласник на Општина Демир Капија” бр.7/2022), член 7 од Правилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на општински стипендии на ученици и студенти […]

ДРАСТИЧЕН НАПРЕДОК ВО АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

Општина Демир Капија бележи значителен, односно драстичен напредок во активната транспарентност, во споредба со минатата година. Овој резултат претставува потврда дека посветено работиме на отвореност, отчетност и навремено информирање на граѓаните за работата на Општината. Континуираното објавување на информации, документи, одлуки, активности и податоци од значење за граѓаните е важен дел од создавањето транспарентна и одговорна локална самоуправа. Напредокот во однос на минатата година е показател дека чекор по чекор ја унапредуваме комуникацијата со граѓаните и нивниот пристап до информации од јавен карактер. Транспарентноста не е само обврска – таа е наша одговорност кон граѓаните. Општина Демир Капија продолжува со работа за уште поголема отвореност, отчетност и доверба. Индекс на активна транспарентност 2026

Општина Демир Капија организира четврта форумска сесија

ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ОРГАНИЗИРА ЧЕТВРТА ФОРУМСКА СЕСИЈА Општина Демир Капија ги информира граѓаните и сите заинтересирани учесници дека на 29 септември 2026 година (вторник) ќе се одржи четвртата форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети”. Место: ООУ “Димче Ангелов Габерот”, Општина Демир Капија Почеток: 16:00 часот. Embassy of Switzerland in North Macedonia Министерство за локална самоуправа UNDPMK Агенда

Пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Демир Капија од областа на урбанизмот

Врз основа на одредбите на член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25, 127/25, 134/26 и 212/26), Градоначалникот на Општина Демир Капија распишува Ј А В Е Н П О В И К за пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело […]

Закажана е 11 (единаесетата) седница на Советот на Општина Демир Капија

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02 и “Службен весник на РСМ” бр.202/24), го донесувам следното РЕШЕНИЕ За свикување на XI (единаесетта) седница на Советот на Општина Демир Капија   Ја свикувам XI (единаесетата) седница на Советот на Општина Демир Капија. Седницата ќе се одржи на ден […]

СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1 – хотелски комплекси

Бр. УП I 10-109 Дата: 04.08.2026 Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25, 127/25 и 134/26) и Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2026 година донесена со одлука бр.08-914/14 од 26.12.2025, Градоначалникот […]

Општина Демир Капија организира втора форумска сесија

ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ОРГАНИЗИРА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА  Општина Демир Капија ги информира граѓаните и сите заинтересирани учесници дека на 31 јули 2026 година (петок) ќе се одржи втората форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2”. 📍 Место: ООУ “Димче Ангелов Габерот”, Општина Демир Капија 🕛 Почеток: 09:00 часот На втората форумска сесија ќе се направи преглед на работата од […]