11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

Соопштенија• Новости

Општина Демир Капија организира втора форумска сесија

Општина Демир Капија организира втора форумска сесија

ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ОРГАНИЗИРА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА 

Општина Демир Капија ги информира граѓаните и сите заинтересирани учесници дека на 31 јули 2026 година (петок) ќе се одржи втората форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2”.

📍 Место: ООУ “Димче Ангелов Габерот”, Општина Демир Капија

🕛 Почеток: 09:00 часот

На втората форумска сесија ќе се направи преглед на работата од првата сесија и активностите реализирани во периодот меѓу двете сесии. Ќе бидат презентирани критериумите за избор на проекти, како и предложените проектни концепти развиени од работните групи.

Во рамките на сесијата ќе се разговара за предложените концепти, ќе се разгледа нивното прифаќање од страна на форумот и ќе продолжи работата на работните групи за развивање на предлог-проектите.

Учесниците ќе бидат запознаени и со форматот за подготовка на предлог-проект, а ќе биде определен и терминот за следната форумска сесија.

Ве покануваме да бидете дел од процесот во кој преку заеднички идеи, дискусија и активно учество се креираат решенија за подобра и поинклузивна локална заедница.

Дневен ред на форумот

  • Embassy of Switzerland in North Macedonia
  • Министерство за локална самоуправа
  • UNDPMK
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email