11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

Соопштенија

ДРАСТИЧЕН НАПРЕДОК ВО АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

ДРАСТИЧЕН НАПРЕДОК ВО АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

Општина Демир Капија бележи значителен, односно драстичен напредок во активната транспарентност, во споредба со минатата година. Овој резултат претставува потврда дека посветено работиме на отвореност, отчетност и навремено информирање на граѓаните за работата на Општината.

Континуираното објавување на информации, документи, одлуки, активности и податоци од значење за граѓаните е важен дел од создавањето транспарентна и одговорна локална самоуправа.

Напредокот во однос на минатата година е показател дека чекор по чекор ја унапредуваме комуникацијата со граѓаните и нивниот пристап до информации од јавен карактер.

Транспарентноста не е само обврска – таа е наша одговорност кон граѓаните. Општина Демир Капија продолжува со работа за уште поголема отвореност, отчетност и доверба.

Индекс на активна транспарентност 2026

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email