11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

СоопштенијаНовости

ДМО Повардарие ги поврзува местата, луѓето и доживувањата

ДМО Повардарие ги поврзува местата, луѓето и доживувањата

Официјално започнува новото поглавје за развојот на туризмот во регионот Повардарие!

 

Општина Демир Капија со задоволство ја најавува официјалната активност на веб-страницата на ДМО Повардарие – Destination Management Organization: www.povardarie.mk

ДМО Повардарие претставува меѓуопштинска соработка помеѓу 11 општини, формирана со цел за заедничко, координирано и одржливо управување со регионот како единствена туристичка дестинација. Овој модел овозможува поврзување на општините, институциите и туристичките чинители во заедничка насока, со јасна визија за долгорочен развој и препознатлив идентитет на Повардарие.

Преку оваа платформа се создаваат услови за:

  • поефикасна промоција на регионот на национално и меѓународно ниво
  • усогласување на туристичката понуда и заеднички настап
  • развој на стратегии, проекти и партнерства со приватниот сектор и институциите

 

Во рамки на промоцијата, подготвено е и кратко промотивно видео посветено на Демир Капија, кое го претставува духот, природните убавини и туристичкиот потенцијал на нашата општина, а ќе биде објавено како дел од прилогот на оваа објава.

 

Повардарие чекори кон современ, поврзан и одржлив туристички развој – со заедничка визија и силна регионална соработка.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email