11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

Соопштенија

Закажана е 5 (петтата) седница на Советот на Општина Демир Капија

Закажана е 5 (петтата) седница на Советот на Општина Демир Капија

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02 и “Службен весник на РСМ” бр.202/24), го донесувам следното

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на V (петтата) седница на Советот на Општина Демир Капија

Ја свикувам V (петтата) седница на Советот на Општина Демир Капија.

Седницата ќе се одржи на ден 26.01.2026 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот. Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Демир Капија.

За работа на седницата го предлагам следниот

– Усвојување на записникот од одржаната IV (четврта) седница на Советот на Општина Демир Капија

Дневен ред

  1. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Демир Капија во реализација на проектот “Воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство”;
  2. Предлог-Одлука за утврдување на оперативни трошоци за финансирање на Заедничкото јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци;
  3. Предлог-Одлука за изменување на одлуката за определување на надоместок за информирање од работата на Советот на општина Демир Капија;
  4. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Демир Капија за 2026 година;
  5. Предлог-Програма за еднакви можности на Општина демир Капија за 2026 година;
  6. Предлог-Програма за активностите на Општина Демир Капија од областа на културата за 2026 година;
  7. Предлог-Програма за наменско трошење на определени средства во областа на управување со животната средина, по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините за 2023 година;
  8. Предлог-Решение за давање согласност на Програма и план за работа (со финансиски план) на Заедничко јавно претпријатие-Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци за 2026 година;
  9. Предлог-Решение за изменување на решението за именување на член во заедничката комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу општините од Повардарскиот регион;
  10. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа и Финансиски извештај за проектот “Воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство”;
  11. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за реализација на Програма за активностите на Општина Демир Капија во областа на социјалната заштита за 2025 година;
  12. Разгледување на иницијатива од Анета Ристова, инспектор за животна средина бр.08-875/1 од 03.12.2025 година;
  13. Разгледување на иницијатива од Душан Трајков, советник бр.08-934/1 од 26.12.2025 година;
  14. Разгледување на барања од физички и правни лица;
16.01.2026 година
Демир Капија
    Претседател на Совет
Мирјана Јаневски
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email