11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

СоопштенијаНовости

Покана за средба со претставници од НОМАГАС

Покана за средба со претставници од НОМАГАС

Почитувани сограѓани,

Во просториите на Општина Демир Капија на ден 29.01.2026 година, во 10:00 часот ќе се организира состанок со НОМАГАС АД Скопје.

Согласно Студијата за оцена на влијанието врз животна средина како и Планот за управување со животната средина и социјални аспекти постои потреба од состанок во врска со социо-економските прашања за пристап кон земјиште според Политиките на ЕБОР за развој на проектот Интерконективен гасовод Македонија – Грција.

Имајќи го во предвид активното спроведување на проектот, како и неговата важност како на национално, така и на регионално ниво, потребно е активно учество на сите засегнати страни. Се повикуваат на состанокот да присуствуваат претставници на локалното население, преставници од подрачните одделенија за шуми и земјоделие, како и на други засегнати страни.

 На средбата ќе учествуваат претставници од НОМАГАС АД Скопје како и консултанти и претставници од животна средина и социјални работи.

За повеќе информации или за потврда на Вашето учество, Ве молиме испратете e-mail на следната е-пошта: [email protected] и [email protected] или на телефон: 02/6090-137 и 075/333-139.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email