Општина Демир Капија ги информира граѓаните дека на 24 ноември 2026 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Општината ќе се одржи јавна презентација на Планот за обновување на условите за егзистенција, изработен во рамки на проектот „Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција“.
Планот е изработен од страна на НОМАГАС АД Скопје, согласно барањата и политиките на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), и ги опфаќа социо-економските аспекти поврзани со пристапот до земјиштето, како и мерките за избегнување, ублажување и управување со потенцијалните негативни влијанија врз засегнатите лица и локалното население.
На јавната презентација ќе бидат презентирани содржината и целите на Планот, предвидените активности и мерките за управување со влијанијата, при што ќе биде овозможена дискусија и размена на мислења со присутните.
На средбата ќе учествуваат претставници од НОМАГАС АД Скопје, претставници од изведувачот и надзорот над изградбата, како и експерт од областа на животната средина и социјалните аспекти.
Се покануваат сите заинтересирани граѓани, претставници на институции, организации и други засегнати страни да присуствуваат и активно да се вклучат во јавната дискусија.
Датум: 24.11.2026 година
Време: 10:00 часот
Место: Општина Демир Капија
Документ – ДОПИС