11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода – мраз

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода – мраз

Врз основа на член 50 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24), Градоначалникот на Општина Демир Капија, објавува

  

ЈАВЕН ПОВИК

За пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода – мраз

 

 Општина Демир Капија ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода– мраз која ја зафати општина Демир Капија во периодот од 02-05 Мај 2026 година да ја пријават штетата на своите насади во просториите на општина Демир Капија со поднесување на барање.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

– Копија од лична карта;

– Изјава за неосигуран земјоделски насад;

– Изјава за согласност за користење на лични податоци;

– Копија од трансакциска сметка и

– Доказ за користење на земјиштето (Решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделско стопанство издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп).
 
Пријавувањето на штетите може да се изврши во периодот од 11.05.2026 година до 21.05.2026 година, секој работен ден од 08:30 до 14:00 часот.

 За сите дополнителни информации може да се обратите на

тел.071 324 697

 

Бр.09-391/1                                                                

08.05.2026 година                                                                       

 

Општина Демир Капија

  Градоначалник

  Наталија Димитриева

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email