Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02 и “Службен весник на РСМ” бр.202/24), го донесувам следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на VI (шестата) седница на Советот на Општина Демир Капија
Ја свикувам VI (шестата) седница на Советот на Општина Демир Капија.
Седницата ќе се одржи на ден 27.02.2026 година (петок) со почеток во 14:00 часот. Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Демир Капија.
За работа на седницата го предлагам следниот
– Усвојување на записникот од одржаната V (петта) седница на Советот на Општина Демир Капија
Дневен ред
- Разгледување на барања од физички и правни лица;
- Предлог-Завршна сметка на Буџетот на Општина Демир Капија за 2025 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај на Општина Демир Капија за 2025 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за четвртиот квартал 2025 година;
- Предлог-Општински буџетски календар на Општина Демир Капија за 2027 година;
- Предлог-Програма за социјална заштита во Општина Демир Капија за 2026 година;
- Предлог-Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Демир Капија за 2026 година;
- Предлог-Програма за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2026 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општинска установа Дом на култура Мирка Гинова Демир Капија бр.02-39/1 од 18.02.2026 година;
- Предлог-Решение за именување на членови во Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О Демир Капија;
- Предлог-Решение за именување на членови во Надзорен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О Демир Капија;
- Предлог-Одлука за невршење на избор по конкурс за стипендирање на ученици и студенти за учебната 2025/2026 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишна сметка на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци за 2025 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Извештај за финансиското работење на ЗЈП Стационар ШЕПА – Кавадарци за период од 01.01.2025 година до 31.12.2025 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на вредност на бодот за исплата на плати на административните службеници во Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци за 2026 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на вредност на бодот за исплата на плати на давателите на јавни услуги и помошно технички персонал во Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци за 2024 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Демир Капија за 2025 година;
23.02.2026 година
Демир Капија Претседател на Совет
Мирјана Јаневски