ИЗВЕСТУВАЊЕ
за интервју на кандидат за избор на член на управен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О Демир Капија
Во врска со објавениот јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен одбор и надзорен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О Демир Капија бр.08-313/1, а согласно член 17-г од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25 Комисијата за селекција на членови го известува кандидатот кој успешно ја помина административната селекција дека интервјуто за истиот ќе се одржи на ден 15.04.2026 година (среда) во 13:30 часот во просториите на Oпштина Демир Капија.
Кандидатот кој уредно ја помина првата фаза од селекција ќе добие е-пошта со термин за интервјурирање.