СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1 – хотелски комплекси

Бр. УП I 10-109

Дата: 04.08.2026

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25, 127/25 и 134/26) и Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2026 година донесена со одлука бр.08-914/14 од 26.12.2025, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното  

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид на 

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1 – хотелски комплекси на дел од КП 795/1, КП 796, дел од КП 797, КП 798, дел од КП 799, дел од КП 800,  КП 801, КП 802, дел од КП 803, КП 805 и дел од КП 1051/1, КО Демир Капија, Општина Демир Капија

Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Демир Капија дека се организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1 – хотелски комплекси на дел од КП 795/1, КП 796, дел од КП 797, КП 798, дел од КП 799, дел од КП 800,  КП 801, КП 802, дел од КП 803, КП 805 и дел од КП 1051/1, КО Демир Капија, Општина Демир Капија со тех.бр.90/23 од мај 2025, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг УРБАН – ПРОЕКТ ДООЕЛ – Прилеп

Член 2

Проектниот опфат се наоѓа во КО Демир Капија, Oпштина Демир Капија.

Проектниот опфат е надвор од границите на урбанистички планови и урбанистичко плански

документации.

Површина на проектниот опфат е 0.86 ха.

Член 3

Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Б5.1 – хотелски комплекси на дел од КП 795/1, КП 796, дел од КП 797, КП 798, дел од КП 799, дел од КП 800,  КП 801, КП 802, дел од КП 803, КП 805 и дел од КП 1051/1, КО Демир Капија, Општина Демир Капија, се спроведува електронски, со објавување на соопштението и проектот на официјалната страна на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk и на електронскиот систем

www.e-urbanizam.mk, како и со објавување на огласна табла на Општина Демир Капија.

Сите забелешки, предлози и сугестии може да се достават на анкетен лист даден во прилог на ова соопштение.

Јавниот увид трае 10 (десет) дена, во периодот од 07.08.2026 до 17.08.2026, за кое време може да се достават забелешки со пополнување на анкетен лист, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот во просториите на Општина Демир Капија.

Јавната презентација со стручно презентирање на урбанистичкиот проект ќе се одржи на 12.08.2026 со почеток во 12 часот во просториите на Општина Демир Капија и на истата може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.  

 

Градоначалник

Наталија Димитриева

Претходна објава

© 2026 Општина Демир Капија. Сите права задржани.