Наталија Димитриева е родена на 16.11.1977 година во Неготино. Сопруга и мајка на две ќерки. Наталија Димитриева е дипломиран професор по предучилишно образование и до изборот на Градоначалник е вработена во ЈОУДГ Борис Трајковски од Демир Капија како професор на деца од предучилишна возраст.
Во периодот од 2011 година до 2018 година ја извршува функцијата Директор на детската градинка ЈОУДГ Борис Трајковски. За успешната работа, институцијата со која раководи во 2014 година добива признание 7-ми ноември, денот на општина Демир Капија.
Низ годините има стекнато значајно искуство во институциите од локалната самоуправа, со што ќе има значаен придонес во развојот на заедницата.
На локалните избори 2025 година е избрана за Градоначалник на општина Демир Капија со голема поддршка од граѓаните.
Во Наталија Димитриева граѓаните препознаа личност која ќе даде свој придонес за транспарентна, одговорна и чесна работа со единствена цел – подобар живот, подобра иднина и пропсперитет на Општина Демир Капија.
Слободното време го поминува со внукот и задоволување на неговите детски потреби. Но кога треба да одвои време за себе, кое што е и така кратко, најчесто го поминува во читање книги, гледање на филмови, средби со драги луѓе.
Градоначалничката Наталија Димитриева
Надлежности на градоначалникот
Градоначалникот: – Ја претставува и застапува општината; – Ја контролира законитоста на прописите на советот; – Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината; – Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот; – Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината; – Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот; – Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината; – Го извршува буџетот на општината; – Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс; – Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот; – Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон; – Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација; – Раководи со општинската администрација; – Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон. – Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и – Врши други работи утврдени со закон и со статутот.