Закажана е 7 (седмата) седница на Советот на Општина Демир Капија

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02 и “Службен весник на РСМ” бр.202/24), го донесувам следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на VII (седма) седница на Советот на Општина Демир Капија

 Ја свикувам VII (седмата) седница на Советот на Општина Демир Капија.

Седницата ќе се одржи на ден 27.03.2026 година (петок) со почеток во 14:00 часот. Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Демир Капија.

– Усвојување на записникот од одржаната VI (шеста) седница на Советот на Општина Демир Капија

 За работа на седницата го предлагам следниот 

Дневен ред

1.     Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на еден член на управен и еден член на надзорен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О. Демир Капија;

2.     Предлог-Одлука за траен отпис на даночни побарувања од евиденцијата во даночните обврски на Општина Демир Капија заради ненаплатливост;

3.     Предлог-Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Демир Капија;

4.     Предлог-Одлука за определување зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (градежни објекти) на подрачјето на Општина Демир Капија;

5.     Предлог-Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност за Општина Демир Капија;

6.     Предлог-Програма за активностите на Општина Демир Капија во областа на образованието и спортот во 2026 година;

7.     Предлог-Програма за активностите на Општина Демир Капија за ревитализација по елиминирање на кризи во областа за заштита и спасување во 2026 година;

8.     Предлог-Решение за именување на Командант, Началник и членови на Општинскиот штаб за заштита и спасување;

9.     Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати по Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен, односно надзорен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О. Демир Капија;

10.  Предлог-Решение за давање согласност на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈКП “Бошава” Демир Капија;

11.  Предлог-Решение за давање согласност на Финансиски извештај на ЈКП “Бошава” Демир Капија за 2025 година;

12.  Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен финансов извештај по завршна сметка на ООУ “Димче А.Габерот” Демир Капија за 2025 година;

13.  Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен финансов извештај на ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за 2025 година;

14.  Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен финансов извештај по завршна сметка на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2025 година;

15.  Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работата на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2025 година;

16.  Разгледување на барања од физички и правни лица;

17.  Советнички прашања;

 

                      Претседател на Совет

                          Мирјана Јаневски

Претходна објава
Следна објава

© 2026 Општина Демир Капија. Сите права задржани.