Надлежности на секторот
Секторот за финансиски прашања ги врши следните работи:
Контрола на спроведувањето на финансиското управување и контрола, спроведува екс-анте и екс-пост финансиска контрола, благајничко работење, подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација, пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот, го следи целосното и навременото прибирање на приходите, го следи навременото плаќање на расходите во согласност со процедурите за преземање на обврски и извршување на плаќања, подготвува стратешки план и предлог Буџетот за наредната година и повеќегодишните проекции поврзани со буџетот, ја следи усогласеноста на извршувањето на буџетот во целост или за одделни ставки со процедурите донесени од раководителот на субјектот, подготвува предлог за изменување и дополнување на буџетот, завршната сметка на општината, изготвува Годишен финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, води евиденција за имотот на општината, утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината, врши и други работи од областа на финансиското управување и контрола.
Услуги на секторот
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОГРЕШНО УПЛАТЕНИ ПРИХОДИ
Карта на услуга бр. 3
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ
Карта на услуга бр. 4
Даночна пријава за утврдување на данок на имот
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК И НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК
Карта на услуга бр. 5
Даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ
Карта на услуга бр. 6
Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижности
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ И ИЗВРШУВАЊЕ
Карта на услуга бр. 7
Барање за одложување на извршување на решение и дозволено одложено плаќање на обврските или плаќање на рати
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОГРЕШНО УПЛАТЕН ДАНОК
Карта на услуга бр. 8
Барање за враќање на повеќе или на погрешно уплатениот данок, каматата и трошоците на присилната наплата
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА
Карта на услуга бр. 9
ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ МУЗИКА / ИСТАКНУВАЊЕ НА РЕКЛАМИ, ОБЈАВИ И ОГЛАСИ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ВИТРИНИ ЗА ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СТОКИ НАДВОР ОД ДЕЛОВНИТЕ ЗГРАДИ И ДРУГО
Карта на услуга бр. 10
Улога на секторот
Секторот обезбедува целосна стручна поддршка при подготвување и извршување на буџетот, следење на реализацијата, сметководствено евидентирање и финансиско известување. Исто така, е одговорен за системот на финансиско управување и внатрешна контрола (ФУК), како и за управување со плаќањата и наплатата на даноци на локално ниво.
Завршни сметки на општината
Организација на секторот
Секторот е составен од две одделенија:
Одделение за буџетска координација и буџетска контрола,
Одделение за сметководство, плаќања и администрирање на даноци.
Овие две одделенија заеднички ги покриваат сите аспекти на финансиското работење на општината, од буџетско планирање до наплата на приходи.
Услуги за граѓани и институции
Јавно објавување на буџетски документи и финансиски извештаи;
Информации поврзани со даночни обврски и плаќања кон општината;
Поддршка за јавни установи во користење и планирање на буџетски средства;
Учество во јавни консултации за буџетот и финансиското работење на општината;
Издавање на потврди, извештаи и одговори на финансиски барања од граѓани.
Контакт
Евгенија Горѓиев – Раководител на сектор
тел. 072 315 345,
e-mail: [email protected]