Сектор за нормативно-правни работи, јавни дејности и општи работи
Сектор за нормативно-правни работи, јавни дејности и општи работи
Надлежности на секторот
Секторот за нормативно-правни работи, јавни дејности и општи работи ги врши следните работи:
Изготвување одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на градоначалникот и советот на општината, дава мислење на актите од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања, приготвување и поднесување на материјали и списи за судски постапки во кои општината е тужител и тужен, ги применува законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки, подготвува постапки за решавање во управни спорови, ги подготвува седниците на советот и седниците на неговите работни тела, врши стручни и организациони работи за советот и градоначалникот, ракува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Северна Македонија, работи од областа на образованието, културата, детската заштита и спортот, врши превоз за потребите на градоначалникот и администрацијата, ја одржува хигиената во деловните објекти на општината; врши и други работи што ќе му бидат доверени од советот и градоначалникот на општината утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Секторот е составен од три одделенија:
– Одделение за нормативно-правни работи
– Одделение за јавни дејности
– Одделение за општи работи
Услуги на секторот
ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЈА И ПОТВРДИ (по барање на граѓанин)
Карта на услуга бр. 1
Контакт
Јулијана Гацева – Раководител на сектор
тел. 070 973 200,
е-mail: [email protected]