11 Октомври бб, Демир Капија 1442 • +389 43 366 212
Република Северна Македонија

Општина Демир Капија

Надлежности на општината

Надлежности на општината

Урбанистичко планирање и развој

Издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште.

Заштита на животната средина и природата

Мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење.

Локален економски развој

Планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство.

Комунални дејности

Снабдувањето со вода за пиење; испораката на технолошката вода; одведувањето и пречистувањето на отпадните води; јавното осветлување; одведувањето и третманот на атмосферските води; одржувањето на јавна чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници; снабдувањето со природен гас и топлинска енергија и други.

Култура

Институционалната и финансиската поддршка на културните установи и проекти; негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирањето културни манифестации; поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво.

Спорт и рекреација

Развојот на масовниот спорт и рекреативните активности; организирањето на спортски приредби и манифестации; одржувањето и изградбата на објекти за спорт; поддршка на спортски сојузи.

Социјална заштита и заштита на децата

Детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување); остварување на социјална грижа за инвалидните лица; децата без родители и родителска грижа; деца со воспитносоцијални проблеми; деца со посебни потреби; децата од еднородителски семејства; децата на улица; лицата изложени на социјален ризик; лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол.

Здравствена заштита

Управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор над животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со специјални потреби (на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон.

Заштита и спасување на граѓаните

Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив;

Образование

Основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови.

Противпожарна заштита

Организација и поддршка на територијалните противпожарни единици, со цел заштита на населението, објектите и природните ресурси од пожари. Надлежностите опфаќаат превентивни активности, едукација на граѓаните, одржување и опремување на противпожарните служби, како и координација со надлежните државни институции при интервенции. Општината обезбедува навремено реагирање и спроведување мерки за спречување, локализирање и гаснење на пожари на целата своја територија.

Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност и други работи определени со закон

Постојан надзор за да се обезбеди законито и ефикасно извршување на работите што ѝ се доверени. Ова вклучува контрола на усогласеноста со прописите, следење на квалитетот на јавните услуги и преземање мерки при утврдени неправилности. Дополнително, општината ги спроведува и сите други обврски што се утврдени со закон.