Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02 и “Службен весник на РСМ” бр.202/24), го донесувам следното
РЕШЕНИЕ
За свикување на VIII (осма) седница на Советот на Општина Демир Капија
Ја свикувам VIII (осмата) седница на Советот на Општина Демир Капија.
Седницата ќе се одржи на ден 28.04.2026 година (вторник) со почеток во 14:00 часот. Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Демир Капија.
– Усвојување на записникот од одржаната VII (седма) седница на Советот на Општина Демир Капија
За работа на седницата го предлагам следниот
Дневен ред
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци;
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за покривање на материјална и нематеријална штета и процесни трошоци во судски постапки и постапки за медијација против ЗЈП СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци за надомест на штета како последица од каснување од бездомни кучиња за период од 01.01.2026 година – 31.12.2026 година;
- Предлог-Решение за именување на член во Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О Демир Капија;
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ “Димче А.Габерот” Демир Капија;
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлука за расходување на електронска (компјутерска) опрема на ООУ “Димче А.Габерот” Демир Капија;
- Предлог-Решение за давање согласност на Правилникот за основна плата и додатоци на плата на вработените во ЈКП “Бошава” Демир Капија;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за првиот квартал 2026 година;
- Разгледување на барања од физички и правни лица;
- Советнички прашања;
| Претседател на Совет Мирјана Јаневски |