opstinadk@yahoo.com +389 43 364 100
September 12, 2025 - ОД Администратор

РЕШЕНИЕ за одобрување Проектна програма со технички број ПП-У-38/25

Оглас - Општина Демир Капија

РЕШЕНИЕ

Градоначалникот на Општина Демир Капија, решавајки по барањето бр. 0302-237/25-2 од 27.08.2025 год доставено од Друштво за градежништво, архитектура, проектиране, инженеринг и дизајн АТРИУМ СТУДИО ДОО Штип , во име на инвеститорот МИТ СОЛАР ДООЕЛ СКОПЈЕ , за одобрување на Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на далновод до 35kV, во КО Тремник, општина Неготино, КО Прждево, КО Бистренци, општина Демир Капија, дел 4: од КП 1775/5 во КО Прждево и КП 1254 во КО Бистренци до КП 21/1 и КП 21/13 во КО Бистренци, општина Демир Капија со површина од 8.54 ха, со тех. бр. ПП-У-38/25 од Август 2025, врз основа на Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“), го издава следното:

ОДЛУКА

Се одобрува Проектна програма, со технички број ПП-У-38/25 од Август 2025 доставена од страна на Друштво за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн АТРИУМ СТУДИО ДОО Штип, во име на инвеститорот МИТ СОЛАР ДООЕЛ Скопје, за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на далновод до 35kV.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот поднесе барање бр. 0302-223/24-2 од 10.07.2024 со приложена документација:

  • Проектна програма за изработка на урбанистички проект (ПП-У-38/25, Август 2025);
  • Геодетски елаборат со дел. бр. 0801-125/3 од 16.07.2025;
  • Полномошно заверено од нотар Иљхам Исмани, бр. УЗП 16364/2025;
  • Список на индикации;
  • Изјави за финансирање и имотно-правни работи (УЗП 16365/2025 и УЗП 16366/2025);
  • Услови за планирање на просторот (тех. бр. Ү22224, Август 2024);
  • Дополнителни услови (тех. бр. Ү14718і, Јуни 2024);
  • Решенија за услови за планирање на просторот од МЖСПП.

По разгледување на документацијата, Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и предложи одобрување. Градоначалникот по увид донесе ова Решение.

Градоначалник
Лазар Петров

Документи