opstinadk@yahoo.com +389 43 364 100


Oдделение  за човечки ресурси


Одделението за управување со човечки ресурси ги врши работите и задачите што се однесуваат на: правата и обврските на вработените во општината, следењето и примената на законите, подзаконските акти, колективните договори и други прописи што се однесуваат на статусот, правата, должностите и одговорностите на државните службеници од областа на работните односи; изготвување на општите и поединечните акти за правата, обврските и одговорностите на вработените; водењето на персоналната евиденција во општината; водење на евиденциите пропишани како обврска со законските и други прописи од областа на трудот; водење на евиденција за присутност на ваработените и за користењето на работното време, изготвува извештаи за тоа и ги доставува до стручната служба за исплата на плати и надоместоци на плати; врши пријавување и одјавување на вработените во надлежните органи и стручни служби; следењето и водењето на кадровската политика во општината; изготвувањето на анализи, информации и извештаи за кадровската состојба во општината; изготвување на процедури за пријавување на вработување и одјавување од работа, спроведување на процесот за оценување на државните службеници, изготвува мислење за предмети поврзани со човечките ресурси, давање на стручна помош при оценување на државните службеници во општината, водење разговори со раководителите околу индикаторите за наградување како и спроведување на дисциплински постапки, учествува во изработка на годишна програма за обука и изготвува правилници за работа во соработка со раководителите на сектори и одделенијата, изготвувањето на правилници за организација и систематизација, правилници за наградување, давање на стручни мислења од областа на човечките ресурси на секретарот на општината и ги следи и проучува теоретските и практични искуства во земјата и странство за работата од областа на управувањето со човечките ресурси.

Контакт лице:

Менча Петкова – Советник

тел. 078-217-089; e-mail: menca.petkova@opstinademirkapija.gov.mk