Почитувани сограѓани,
Во просториите на Општина Демир Капија на ден 29.01.2026 година, во 10:00 часот ќе се организира состанок со НОМАГАС АД Скопје.
Согласно Студијата за оцена на влијанието врз животна средина како и Планот за управување со животната средина и социјални аспекти постои потреба од состанок во врска со социо-економските прашања за пристап кон земјиште според Политиките на ЕБОР за развој на проектот Интерконективен гасовод Македонија – Грција.
Имајќи го во предвид активното спроведување на проектот, како и неговата важност како на национално, така и на регионално ниво, потребно е активно учество на сите засегнати страни. Се повикуваат на состанокот да присуствуваат претставници на локалното население, преставници од подрачните одделенија за шуми и земјоделие, како и на други засегнати страни.
На средбата ќе учествуваат претставници од НОМАГАС АД Скопје како и консултанти и претставници од животна средина и социјални работи.
За повеќе информации или за потврда на Вашето учество, Ве молиме испратете e-mail на следната е-пошта: [email protected] и [email protected] или на телефон: 02/6090-137 и 075/333-139.