Според најновите податоци на Центарот за економски анализи (ЦЕА) за фискалната транспарентност на локално ниво, Општина Демир Капија бележи значаен напредок во полето на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните. Општината оствари видлив напредок во објавувањето и достапноста на финансиските информации, зголемувајќи ги освоените поени од 9 на 13 (од максимум 16 поени). Ова покажува поголема отвореност пред јавноста и поодговорно управување со општинските пари.