РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА
СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ, КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ,
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
10-53/14
24.04.2025
Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20, бр.111/23, 171/24, 224/24 и 40/25) и Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Демир Капија за 2025 година донесена со одлука бр.08-778/12 од 24.12.2025, Градоначалникот на Општина Демир Капија го дава следното
За спроведување на јавен увид на
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА ИЗГРАДБА ДО 35 KV ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛСКИ ПОДЗЕМЕН ВОД, СО НАМЕНА Е1.8 - ИНФРАСТРУКТУРИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, НА КП 21/1 - ДЕЛ, КП 230/1 - ДЕЛ И КП 1208/3 - ДЕЛ, КО БИСТРЕНЦИ, ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Демир Капија дека се организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за изградба до 35 kv електричен кабелски подземен вод, со намена Е1.8 - инфраструктури за пренос на електрична енергија, на КП 21/1 - дел, КП 230/1 - дел и КП 1208/3 - дел, КО Бистренци, Општина Демир Капија со тех.бр.05-06/2024 од февруари 2025, изработен од АРХИКОНС ДООЕЛ Кавадарци.
Член 2
Постапка за изготвување на урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план, за изградба до 35 kv електричен кабелски подземен вод, со намена Е 1.8 - инфраструктури за пренос на електрична енергија, на КП 21/1 -дел, КП 230/1 - дел и КП 1208/3 - дел, КО Бистренци, општина Демир Капија е покрената по иницијатива на ДПEEТУ МИТ СОЛАР ДООЕЛ Скопје. Потребата од изработка на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план е за идното поврзување на фотоволтаичната електрана опфатена со Урбанистички проект со план за парцелација, со намена Е 1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани поставени на земјиште, на КП 21/1, КП 21/2, КП 21/12, КП 230/2, КП 230/9, КП 230/10, КП 1208/1, КО Бистренци, општина Демир Капија.
Проектниот опфат се наоѓа во КО Бистренци, Oпштина Демир Капија.
Проектниот опфат е надвор од границите на урбанистички планови и урбанистичко плански документации.
Површина на проектниот опфат е 0,2202 ха.
Граници на проектниот опфат се:
Член 3
Јавниот увид се спроведува електронски, со објавување на соопштението и проектот на официјалната страна на Општина Демир Капија www.opstinademirkapija.gov.mk и на електронскиот систем www.e-urbanizam.mk, како и со објавување на огласна табла на Општина Демир Капија.
Сите забелешки, предлози и сугестии може да се достават на анкетен лист даден во прилог на ова соопштение.
Јавниот увид трае 15 (петнаесет) дена, во периодот од 25.04.2025 до 09.05.2025, за кое време може да се достават забелешки со пополнување на анкетен лист, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Општина Демир Капија.
Документи во прилог:
Градоначалник
Лазар Петров