Ве известуваме дека градежните активности на проектот:„Изведба на гасоводот помеѓу Северна Македонија и Грција, на територија на Северна Македонија“ се започнати.
Согласно Барањето за изведба бр. 10 од Политиките за животна средина и социјални аспекти на ЕБОР за време на изведбата на проектот потребно е да се воспостави механизам за жалби и поплаки за локалното население и да се организираат средби со засегнатите страни на кои ќе им се претстави механизмот, динамиката на спроведуање на активностите итн.
За таа цел, назначени се одговорни лица за спроведување на механизмот за жалби и поплаки од страна на Инвеститорот, Надзорот и Изведувачот. Листата со контакти од одговорните лица за спроведување на механизмот за жалби и поплаки, како и Образецот за жалби и поплаки се дадени во прилог на овој допис. Листата со контакти и Образецот треба да се постават на видно место во просториите на Општината, како и на веб страната на Општината, сѐ со цел да бидат лесно достапни за локалното население.
Правилникот за воспоставување на механизам за претставки и поплаки во Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас Номагас Скопје во државна сопственост се наоѓа на следниот линк: https://nomagas.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/2023.02.23-01-850-1-Pravilnik-vospostavuvanje-mehanizam-pretstavki-i-pop.pdf
По воспоставувањето на механизмот за жалби, дополнително ќе го договориме датумот за одржување на средбата со граѓаните.
Прилог: Официјален документ Известување за започнување на градежни активности на гасовод
Your experience on this site will be improved by allowing cookies.