opstinadk@yahoo.com +389 43 364 100
July 30, 2025 - ОД Администратор

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ги информираме граѓаните дека на 07.08.2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Демир Капија ќе се одржи јавна презентација по повод започнувањето на реализацијата на проектот „Изведба на гасоводот помеѓу Северна Македонија и Грција, на територија на Северна Македонија“.

Оваа јавна презентација има за цел да го запознае локалното население со проектните активности и нивната временска рамка на територијата на Општина Демир Капија, како и со механизмот за поднесување жалби и поплаки кој граѓаните ќе можат да го користат за време на спроведувањето на проектот.

Сите заинтересирани граѓани се поканети да присуствуваат и активно да се вклучат во дискусијата.