Недела на традицијата – Св.Трифун 2022

Почитувани,

Манифестацијата “НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА Св. ТРИФУН 2022 ДЕМИР КАПИЈА” оваа година ќе се одржи со скратена Програма, во која што е планирано да се организираат натпреварите за најдобро домашно вино, најдобра домашна ракија и натпревар во закројување.

Симболичното закројување на винова лоза во дворот на Музеј Демир Капија ќе се направи на 14ти Фебруари, понеделник, во 12 часот од страна градоначалникот и свештеното лице од Демир Капија. 

Во услови на светска пандемија од вирусот SARS KOVID-19, од програмските активности од манифестацијата  „Недела на традицијата Св.Трифун 2022 година“ – Демир Капија ќе се одржат овие активности затоа што при нивна реализација најдобро може да се применуваат протоколите и мерките за заштита и спречување на ширење на на вирусот SARS KOVID-19, како и можноста да се овозможи најголема безбедност на учесницте во овие активности.

Целта на одржувањето на овие програграмски активности од манифестацијата е продолжување со континуитетот на реализирање на манифестацијата „Недела на традицијата Св.Трифун 2021 година“ – Демир Капија и поттикнување на развојот на лозарството и винарство.


mk_MKMacedonian
Skip to content