Одржана седумнаесетта седница на совет на општина Демир Капија.

Советот на општина Демир Капија ја одржа седумнасетта седница на која беа разгледани и усвоени дваесет точки од дневниот ред.По разгледувањето на првата точка од дневниот ред беше усвоена Програма за работа на Советот на општина Демир Капија за 2019 година. Потоа се премина на втората точка на која беше донесена Одлука за одобрување на Програмата за организирање на манифестација за денот на лозарите Св.Трифун, насловена како “Недела на традицијата Св.Трифун 2019“ Демир Капија, која ќе трае четири денови и ќе биде проследена со голем број активности.Третата и четвртата точка откако беа разгледани беа донесени одлуки за донесување на Урбанистички план за село Корешница, КО Корешница Општина Демир Капија и Одлука за донесување на Урбанистички план за село Клисура, КО Клисура, Општина Демир Капија за кои се добиени сите потребни согласности и мислења од надлежните министерства. Петата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Одлука за измена и дополнување на одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година, согласно законската измена со одлука на Владата на РМ. Потоа се премина на шестата точка на која беше донесена Одлука за одобрување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани а неплатени обврски, со која се одобрува Извештајот согласно Законот за финансиска подршка на ЕЛС за финансирање на доспеани а неплатени обврски. Седмата и осмата точка од дневниот ред по разгледувањето беа усвоени а се однесуваа на донесување одлуки за траен отпис на побарувања од евиденцијата на општина Демир Капија и отпис на застарени обврски во Буџетот на општина Демир Капија., со кои одлуки сите ненаплатливи и застарени обврски и побарувања се бришат од евиденцијата на регистарот на базата на податоци во буџетот на општина Демир Капија. Деветата точка исто така по разгледувањето беше усвоена а се однесуваше на донесување Одлука за формирање на заедничка комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кавадарци и Општина Демир Капија.Потоа се премина на десетата точка на која беше усвоено Решение за именување на членови во заедничката комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кавадарци и Општина Демир Капија. Единаесетата точка по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кавадарци и Општина Д.Капија. Дванаесетата точка од дневниот ред се однесуваше на донесување на Одлука за давање согласност за финасиско учество во предлог проектот “Изградба на улици бр.1 и бр.2 во с.Корешница и по разгледувањето беше усвоена. Одлуката се однесува на сопствено учество од 50% за аплицирање со проектот преку Бирото за регионелен развој.По разгледувањето на тринаесетата точка беше усвоено Решение за формирање на Локален Совет за превенција (ЛСП) за територијата на Општина Демир Капија. Потоа се премина на четиринаесетата точка на која беше донесен Заклучок за усвојување на Извештај за работата и постигнатите резултати во првото полугодие од учебната 2018/2019 година на ООУ “Димче А.Габерот“ Демир Капија.По разгледувањето на петнаесетата точка беше усвоено Решението за давање Согласност на Одлуката за зголемување на надоместокот за отпадни води која е во согласност со Решенијата за утврдување на тарифи добиени од регулаторна комисија за енергетика на Р. Македонија и тоа за физички лица 6,68 денари за 2019 година, 6,96 денари за 2020 година , 7,30 денари за 2021 година и зголемување на цената на надоместок за правни лица 13 денари за 2019 година, 13,25 денари за 2020 година и 13,50 денари за 2021 година.Шеснаесетата точка по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на Решение за давање Согласност на Одлуката за зголемување на цената на водата за пиење која е во согласност со Решенијата за утврдување на тарифи добиени од регулаторна комисија за енергетика на Р. Македонија и се зголемува на следното ниво за физички лица 18 денари за 2019 година, 18,50 денари за 2020 година, 19,50 денари за 2021 година и правни лица 35 денари за 2019 година, 35,50 денари за 2020 година и 36 денари за 2021 година.Наредните четири точки од дневниот ред исто така по разгледувањето беа усвоени а се однесуваа на донесување Решение за давање согласност на Финансов извештај по Годишната сметка на јавното претпријатие за комунални работи “Бошава“ Демир Капија за 2017 година, Решение за давање согласност на Годишен извештај за работењето на јавното претпријатие за комунални работи “Бошава“ Демир Капија за 2017 година, Решение за давање согласност на План за измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2019 година на ЈКП“Бошава“ Демир Капија и Решение за давање согласност на Годишната програма за работа и развој (со финансиски план) на јавното претпријатие за комунални работи Бошава Ц.О Демир Капија за 2019 година.

mk_MKMacedonian
Skip to content