Барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Демир Капија
објавува
Барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно Законот за животна средина (Службен весни на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/15, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Демир Капија доставено е барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола со бр.УП I 10-165 од 16.09.2022.

  • Подносител на барањето: ВАНЕ-КОM ЈУНИОР ДОО Демир Капија
  • Адреса: ул.,,Тиквешка’’ бр.3 Демир Капија
  • Локација на инсталацијата: село Корешница
  • Категорија на инсталацијата: Индустрија на минерали
  • Вид на активности: Ископ, дробење, мелење и сеење на минерални суровини

Со цел за информирање на јавноста, целокупната документација содржана во барањето ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 17.10.2022 до 17.11.2022 во просториите на Општина Демир Капија, ул.,,Маршал Тито’’ бр.15 Б Демир Капија, секој работен ден од 08 до 16 часот.

Градоначалник
Лазар Петров

 

mk_MKMacedonian
Skip to content