Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија

Општина Демир Капија во наредните 6 месеци ќе ги реализира актиностите од проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија”. Овој проект, Општина Демир Капија ќе го реализира во рамките на програмата Општинско – корисна работа и во соработка со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации. Исполнувањето на главната цел на оваа програма “Од граѓаните за граѓаните” започна да  се реализира со  потпишување на договори за работно ангажирање на четири невработени лица. Невработените лица, ангажирани во проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија” за време на својот шест месечен ангажман ќе помагаат во воспитно-згрижувачкиот процес на над 100 децата во детската градинка “ Борис Трајковски ” во Демир Капија и населените места, затоа што во тек е создавање на услови за отворање на клон на детската градинка во с.Корешница и објект за ран детски развој во с.Бистренци. Детската градинка е партнер институција на Општина Демир Капија во овој проект и преку овој проект на невработените лица ќе им се подобрат можностите за појавување на пазарот на трудот и ќе се подобри услугата на детската градинка за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

Оглас за вработување на двајца социјални работници или дефектолози во станбени единици за поддржано живеење (мали станбени единици) во општина Демир Капија

Здружението за развој „Хуманост“ во соработка со неговиот партнер КМОП (Грција) има потреба од двајца (2) социјални работници или дефектолози во станбени единици за поддржано живеење за работа со скратено работно време во станбени единици за поддржано живеење во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во градот Демир Капија, во рамките на проектот финансиран од ЕУ (EuropeAid) „ОАСИС: Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење“ во Република Северна Македонија.

Оглас за вработување на негуватели/асистенти/едукатори во станбени единици за поддржано живеење (мали станбени единици) во општина Демир Капија – полно работно време

Здружението за развој „Хуманост“ во соработка со неговиот партнер КМОП (Грција) има потреба од десет (10) негуватели/асистенти/едукатори во станбени единици за поддржано живеење за работа со полно работно време во станбени единици за поддржано живеење во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во градот Демир Капија, во рамките на проектот финансиран од ЕУ (EuropeAid) „ОАСИС: Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење“ во Република Северна Македонија.