Оглас за вработување на двајца социјални работници или дефектолози во станбени единици за поддржано живеење (мали станбени единици) во општина Демир Капија

Здружението за развој „Хуманост“ во соработка со неговиот партнер КМОП (Грција) има потреба од двајца (2) социјални работници или дефектолози во станбени единици за поддржано живеење за работа со скратено работно време во станбени единици за поддржано живеење во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во градот Демир Капија, во рамките на проектот финансиран од ЕУ (EuropeAid) „ОАСИС: Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење“ во Република Северна Македонија.

Оглас за вработување на координатори на услуга

Здружението за развој „Хуманост“ во соработка со неговиот партнер КМОП (Грција) има потреба од двајца (2) координатори на услуги во станбени единици за поддржано живеење за работа со полно работно време во станбени единици за поддржано живеење во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во општина Демир Капија, во рамките на проектот финансиран од ЕУ (EuropeAid) „ОАСИС: Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење“ во Република Северна Македонија.

Набавка на возило за собирање смет

Во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а во рамките на проектот “Одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на ЈКП во општините Лозово, Демир Капија, Неготино и Росоман “, набавено е специјализирано возило за собирање комунален отпад.Договорот за набавката на возилото беше склучен помеѓу Општина Демир Капија и Центарот за развој на Вардарски плански регион, а Општина Демир Капија возилото ќе го предаде на користење на ЈКП “Бошава” Демир Капија.Возилото е марка Мitsubishi Canter и е со капацитет за собирање смет од 8m3.