И

Се повикуваат сите заинтересирани жители, приватни компании, здруженија, невладини организации од Општина Демир Капија, советници на Совет на Општина Демир Капија, дека на ден 12.07.2021 (понеделник) во 15 часот во Дом на култура „Мирка Гинова“ ќе се оддржи јавна дебата.

Јавната дебата се однесува во врска со објавата на Општина Демир Капија за продажба на градежно земјиште со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, а која постапка беше прекината поради одредени реакции, дека градежното земјиште со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија  претставувало опасност по животната средина.

На јавната дебата секој има право да присуствува и да се произнесе по ова прашање.