Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија

Општина Демир Капија во наредните 6 месеци ќе ги реализира актиностите од проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија”. Овој проект, Општина Демир Капија ќе го реализира во рамките на програмата Општинско – корисна работа и во соработка со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации. Исполнувањето на главната цел на оваа програма “Од граѓаните за граѓаните” започна да  се реализира со  потпишување на договори за работно ангажирање на четири невработени лица. Невработените лица, ангажирани во проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија” за време на својот шест месечен ангажман ќе помагаат во воспитно-згрижувачкиот процес на над 100 децата во детската градинка “ Борис Трајковски ” во Демир Капија и населените места, затоа што во тек е создавање на услови за отворање на клон на детската градинка во с.Корешница и објект за ран детски развој во с.Бистренци. Детската градинка е партнер институција на Општина Демир Капија во овој проект и преку овој проект на невработените лица ќе им се подобрат можностите за појавување на пазарот на трудот и ќе се подобри услугата на детската градинка за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

Подобрување на раниот детски развој и квалитетот на живот во општина Демир Капија III

Општина Демир Капија по шести пат реализира проект во рамките на програмата Општинско корисна работа, која што е поддржана од Агенција за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации и Општина Демир Капија. Со спроведување на  проектот со “Подобрување на раниот детски развој и квалитетот на живот во  општина Демир Капија III”  ќе се овозможи подобро функционирање на клоновите на Ј.О.У.Д.Г. Борис Трајковски во селата Корешница и Бистренци, кој што се очекува во најскоро време да започне со работа. Тимот на Ј.О.У.Д.Г. Борис Трајковски со реализирање на двете социјални услуги, кои што имаат директно влијание врз локалната социо – економска ситуација во општината, ќе биде зајакнат со четири негователи во детска градинка и двајца фасилитатори за поддршка и координација на социјалната услуга народна кујна. Во детската градинка Ј.О.У.Д.Г. Борис Трајковски  се згрижуваат 100 деца од предучилишна возраст и се обезбедува  социјална услуга топол оброк во рамки на националниот проект Национална Кујна за лица корисници на социјална помош од градот Демир Капија. Меѓутоа планирано е  со  овој проект да се опфатат и корисниците на социјална помош и од  населени места во општина Демир Капија, со што бројката ќе се зголеми до 15 лица и на овој начин ќе се овозможи подобрување на квалитетот на животниот стандард на оваа социјално ранлива категорија на лица.  Исто така со  работен ангажман на кандидатите во згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишна возраст во детската градинка  Ј.О.У.Д. Г. Борис Трајковски директно се влијае на подобрувањето на локалниот економски развој на општината и подобрување на социо економската состојба на локалното население, затоа што се овозможува непречено извршување на работните обврски на родителите на  децата од предучилишна возраст. 

Преку работното ангажирање шестте невработените лица  ќе имаат можност да се стекнат со  вештини и работно искуство и тоа како четри негователи во детска градинка и двајца фасилитатори за поддршка и координација на социјалната услуга народна кујна, со што во иднина ќе можат полесно да се  вклучат во пазарот на трудот.