top of page

Презентирани мерките предвидени со новата IPARD програма

Општина Демир Капија

30 мај 2023 г.

Почитувани сограѓани,


Денес, 30.05.2023 год., во салата на Советот на Општина Демир Капија се одржа презентацијата на мерките предвидени со новата IPARD програма, пред заинтересираните присутни. На информативниот состанок беа разгледани сите опции за аплицирање од страна на присутните и беа појаснети нивните поставени прашања. Состанокот го водеа претставници од Телото за управување со IPARD и претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.


Ги охрабруваме сите заинтересирани земјоделци, винарии, домашни производители на ракија и вино, производители на млечни и месни производи и мед, како и на сите останати форми на бизниси во руралните средини, да ја искористат можноста да добијат средства од европскиот IPARD фонд и на тој начин да ги развијат досегашните бизниси или да формираат нови.


Сите идни информации во врска со IPARD програмата, Општина Демир Капија ќе ги споделува со потенцијалните заинтересирани апликанти.


 



bottom of page