top of page

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица со ниски квалификации за вклучување во Програмата за работно ангажирање - Јавни работи Copy

Општина Демир Капија

6 авг. 2024 г.

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за 6. Програма за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на ден 06.08.2024 година, Општина Демир Капија објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица со ниски квалификации

за вклучување во Програмата за работно ангажирање – Јавни работи

 

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата за работно ангажирање – Јавни работи преку ангажирање во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво, да се пријават во просториите на Општина Демир Капија.

 

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска поддршка во нето износ од 800 денари по работно ангажирано лице, дневно. Општина Демир Капија ќе учествува со кофинансирање во износ од 20% од дневниот надоместок, како и дополнително покривање на трошоците за данок на личен данок и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Работното ангажирање ќе биде реализирано во времетраење од 30 работни дена.

На корисниците на парична помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на парична помош.

 

Право на учество во Програмата за работно ангажирање – Јавни работи имаат сите невработени лица со ниски квалификации, активни баратели на работа. Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата за работно ангажирање – Јавни работи можат да поднесат во Општина Демир Капија во периодот од 06.08.2024 година до 13.08.2024 година, од 08:00 до 16:00 часот.

 

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Општина Демир Капија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и избраните невработени лица.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Лазар Петров


 


bottom of page