РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ КОЈ ГО ПОВРЗУВА ДРЕН СО ДЕМИР КАПИЈА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ КОЈ ГО ПОВРЗУВА ДРЕН СО ДЕМИР КАПИЈА

Деновиве работниците нa градежното претпријатие „Алпина“ од Скопје ги започнаа градежните работи на локалниот пат кој што селото Дрен го поврзува со Демир Капија. На оваа сообраќајница ќе се врши реконструкција за да се избегне опасноста од ударните дупки  но и да се подобри безбедноста на патниот сообраќај како за возачите на моторните возила така и за пешаците кои секојдневно го користат овој пат за извршување на своите потреби.

Со реконструкцијата ќе се изврши  проширување и ќе се постави нова асфалтна лента во должина од  1400 метри, широчина од  4 метри и банкини од еден метар. Покрај ова, од едната страна ќе се изградат и канавки за прифаќање на отпадните и атмосферските води. Според планот, ќе се изгради и крак на самата раскрсница каде што патот свртува кон селото Дрен и локалитетот Дошница во должина од 280 метри.

Од страна на општина Демир Капија овие стедства беа обезбедени од европската банка за обнова и развој. Имено, на овој патен правец општина Демир Капија посветува посебно внимание поради тоа што овој локален пат ќе води кон излетничкиот локалитет „Дошница“ што ќе придонесе за развојот на туризмот.

en_GBEnglish
Skip to content