Започна реализација на проектот од програмата Општинско корисна работа

Со потпишување на договорите за реализација на работните ангажмани на  невработните лица започна имплемантацијата на активностите од проектот “Подобрување на раниот детски развој и квалитетот на условите за живот во населените места Корешница и Бистренци” прку Програмата Општинско корисна работа. Седумте ангажирани лица во наредните 9 месеци ќе работат на подобрување и зголемување на две социјални улуги во општина Демир Капија.

Три лица кои се ангажирани како Негователи во детската градинка ЈОУДГ Борис Трајковски, поточно во клонот Сонце во с. Корешница ќе овозможат да се подобри услугата за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и  да се зголеми бројот на деца во детската градинка. 

Четири лица кои се ангажирани како Фасилитатори за координација и поддршка на социјалните услуги во народната кујна ќе работат на проширување на информацијата за можноста за користење на топол оброк од социјалната услуга Народна кујна до жителите на сите населени места во општина Демир Капија, како и во подготовка и дистрибуција на оброците до корисниците на оваа услуга.

 

mk_MKMacedonian
Skip to content