Прва меѓународна конференција за вмрежување во туризмот

Прва меѓународна конференција за вмрежување во туризамот (28 – 29 Ноември) Винарска визба Еленови

Во склоп на проектот ЦЕНЕТ (ЦБЦ програмата Македонија – Грција 2007 – 2013) и во партнерство со Министерството за економија на РМ и Стопанската комора на Флорина, ќе се одржи првата меѓународна конференција за вмрежување во туризамот.

Поврзувањето на различните субјекти од областа на туризамот, а пред се на институциите во соседните држави, е неопходно за да се пратат новите трендови во туризамот – посета на повеќе држави во еден туристички пакет.

Соработката на сите нивоа е неопходна, доколку сакаме да создадеме конкурентни туристички производи, но исто така и да ги намалиме трошоците за нивна промоција на трети пазари.

На оваа конференција ќе бидат поканети Институциите надлежни за туризам во Р. Македонија, Србија, Грција, Албанија и Бугарија.

Исто така ќе бидат поканети преставници на стопанските комори, образовни институции и здруженија од областа на туризамот како и преставници на СЕП и канцеларија ЕД – Скопје.

Гостин спикер на конференцијата ќе биде Г-ѓа Пенелопе Дану извршен директор на Институтот на културни патишта на ЕУ, како и Г-ѓа Емануела Панке-Генерален секретар на Интер Витис-Меѓународен културен коридор и вински патишта на западна Европа.

На оваа конференција ќе се направи обид да се одговори на прашањата:

  • Каква мрежа е потребна;
  • Колку институциите се спремни да вложат ресурси во оваа мрежа;
  • Како можат да се користат европските и други фондови за развој на оваа мрежа, но и за развој на туризамот во овие држави.

Во склоп на конференцијата ќе се потпише меморандум за соработка чиј составен дел ќе бидат заклучоците од конференцијата.

На 29 Ноември ќе се одржи форум на истата тема со осврт за потребите од едукација на кадрите во туризамот со преставници на двата партнери во проектот.

Заинтересираните кои сакаат да присуствуваат на конференцијата за вмрежување во туризамот можат да добијат поделнални информации за пријавување на следнава адреса.

[email protected]

Skip to content