ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ВТОРАТА ОБУКА ОД ПРОЕКТОТ ЦЕНЕТ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ВТОРАТА ОБУКА ОД ПРОЕКТОТ ЦЕНЕТ

 

Во состав на проектот ЦЕНЕТ (Центар за едукација и вмрежување во туризамот) предвидени се 7 бесплатни обуки на локалното население и вклучените во бизнис секторот кои се заинтересирани за едукација во областа на туризмот. Обуките веќе започнаа да се спроведуваат во општина Демир Капија.

Втората обука (семинар) ќе се одржи од 05/04/2013 до 07/04/2013

Темите на обуката ќе бидат:

  • Храна и пијалоци(како да се понудат на привлечен начин квалитетни домашни пијалоци и храна) – Проф. Ангела Василеска и
  • Културата како туристички производ– Проф. Сашо Коруновски

Сите заинтересирани можат да се пријават најкасно до 04.04.2013 (четврток) во просториите на општина Демир Капија или на Email: cenetdk@gmail.com.

Контакт за прашања или  дополнителни  информации:

Моб: 070 315 667

Email: cenetdk@gmail.com

 

mk_MKMacedonian
Skip to content