Реновирање на црква Света Богородица во Демир Капија

Црквата Успение на Пресвета Богородица за верниците од Демир Капија била предадена во употреба во 1937 година.Од тогаш па досега постепено овој божествен храм од забот на времето се оштетил како во внатрешноста, така и на надворешната кровна конструкција и фасада.На последната седница што ја одржа Советот на општината Демир Капија,за лошата состојба на црквата Света Богородица, советниците беа запознати од Градоначалникот Трајче Димитриев.Тој рече дека за да се заштити црквата има потреба од изработка на нова фасада и покривање на покривот со пластифициран лим.Покрај ова има потреба и од извршување на градежни работи на новоизградениот објект трпезарија со поставување на подна покривка,како и уредување на капелата.По расправата што се водеше помеѓу советниците и Градоначалникот беше донесена одлука за доделување на парична помош на црквата Света Богородица во износ од три милиони денари со цел да се изврши реставрација на фасадата,покривање на кровната конструкција со два пати пластифициран лим,покривање на рамна плоча на објектот трпезарија со подна покривка и оградување на плочата,уредување на капелата и некои други дополнителни активности.Доколку има и други заинтересирани лица кои сакаат да помогнат во реновирањето на црквата Света Богородица можат да уплатат средства на жиро сметка на црква Света Богородица Демир Капија:
ж.с. 200001992991480 стопанска банка.

 

mk_MKMacedonian
Skip to content