Поставен е кровот на црквата Света Богородица во село Барово

По повеќе од една деценија од народно ослободителната војна како во целата наша земја така и во селото Барово се појавил миграциониот бран. Жителите од ова село од година на година се повеќе започнале со иселување барајќи подобри услови за живот во Демир Капија, Неготино и Кавадарци и во други градови во Р. Македонија. По иселувањето куќите останале опустошени. Со текот на времето била запоставена и црквата света Богородица во која се крштевало и венчавало населението и во која се одржувале литургиите во чест на нашите верски празници. Инаку црквата била изградена во 1863 година со должина од над 14 метри и со широчина од 9 метри но со забот на времето претрпела оштетување при што се уништени кровот, дел од ѕидовите , фреските се целосно оштетени, како и иконостасот.

Како таков овој божевствен храм беше мошне оштетен и онеспособен за одржување на литургиии и свечени црковни обреди. За да се зачува црковното и историското наследство советот на општина Демир Капија донесе одлука за реновирање на црквата св. Богородица во село Барово.

Во првата фаза во реновирањето на црквата се поставени нови стопи и бетонски столбови кои што се врзани со рам конструкција. На истата рам конструкција е поставeн и кровот како завршна фаза.

Во наредниот период ќе се пристапи кон следната фаза, уредување на црквата во внатрешноста.

mk_MKMacedonian
Skip to content