Општина Демир Капија доби грант од Јапонската Влада

Во Јапонската канцеларија за врски во Скопје од страна на градоначалникот на општина Демир Капија, Трајче Димитриев и представникот од Јапонската амбасада во Виена, јапонскиот дипломат Наојоши Јонејама беше потпишан договор за грант од Програмата за поддршка на мали проекти при Владата на Јапонија.

Со овој грант општина Демир Капија односно ЈКП „Бошава“ ќе добие специјализирано возило (камион) за собирање на комунален отпад за сите населени места во општина Демир Капија. Воедно ќе се санираат и дивите депонии, ќе се постават контејнери во населените места а секое домаќинство во Демир Капија ќе добие канта за отпад што ќе придонесе за подобрување на животната средина во општината.

                                 

mk_MKMacedonian
Skip to content